Во Приштина хоспитализиран пациент за кој се верува дека има коронавирус

Макфакс

08/02/2020

21:38

3.657

Големина на фонт

а а а

Пациент на Косово за кој постои сомнение дека е заразен со коронавирус, бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, пренесува српски „Телеграф“, повикувајќи се на косовските медиуми.

Пациентот е сместен на Клиниката за инфективни болести, а за случајот е најавена и вонредна прес-конференција која треба да се одржи наскоро, пишува „Телеграф“ врз основа на информации од „Коха“.


Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во светот се искачи на 725, а заразени се околу 35.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг