Се држат за рака и се збогуваат: Снимка од баба и дедо, заболени од корона вирусот, го растажи целиот свет

Точка

04/02/2020

19:06

3.164

Големина на фонт

а а а

Додека Кина, но и остатокот од светот, се бори со смртоносниот корона вирус, на интернет почнала да кружи трогателна снимка на која се гледа постар пар како се држи за рака.

Станува збор за двајца заболени 80-годишници. Бабата и дедото лежат во кревет, со маски на лицето, и се држат за рака. 

Мажот нешто зборувал и се обидувал да ја охрабри својата сопатничка, која, како што изгледа, се борела за секој здив.

Во насловот на видеото корисникот напишал: "Што значи пар? Двајца постари пациенти во 80-тите години се збогуваат на одделението за интензивна нега, можеби ова е последен пат да се сретнат и да се поздрават".

Досега борбата со овој вирус ја изгубиле 427 луѓе.


##https://twitter.com/juliojiangwei/status/1224102716747796480?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг