Зошто луѓето ширум светот ги палат патиките вредни илјадници долари?

Точка

04/02/2020

13:12

3.924

Големина на фонт

а а а

Целиот свет “полуде“ по снимките на кои се уништуваат вредни патики.

Патиките од брендот „Supreme“ овие денови се појавуваат на снимки како горат и тоа насекаде ширум светот.

Дали знаете зошто?

Еден од најпопуларните модели на патики од оваа модна линија, првенствено наменета за скејтери кои чинат околу 1.000 долари, овие денови секојдневно се појавуваат на видео клипови како горат, како ги сецкаат или пак како ги уништуваат на некој друг начин.

Видео снимките од “егзекуцијата“ ги преплавија социјалните мрежи.

Зошто луѓето го уништуваат баш овој бренд?

Дали станува збор за некаков бунт против консумерите и капитализмот? Па, не баш. Всушност причината е многу банална.

Како што открил Џанмарко Гарофало, еден од авторите на ваквите бизерни видео снимки, причината е чиста забава и собирање лајкови на социјалните мрежи.

„Уништувањето на нешто што вреди илјада долари луѓето го сметаат за исклучително забавно. Сакаат да гледаат снимки од палење на патики затоа што тоа не можат да си го дозволат себеси“ - објаснил тој.

Инаку, покрај патиките тие исто палат и скапи маици, тренирки и слично. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг