Скандал на брифингот на Борис Џонсон: Сакале да пуштат само одбрани новинари, па си заминале сите

Точка

03/02/2020

18:31

1.985

Големина на фонт

а а а

Новинарите денес го напуштиле брифингот закажан во седиштето на британската влада за планот на премиерот Борис Џонсон за Брегзит, откако шефот на комуникациската служба на премиерот се обидел да им дозволи влез само на одбрани медиуми.

Како што пренесува „Индепендент“, медиумите добиле повик за брифинг за планот на премиерот во врска со преговорите за договорот по канадскиот модел за слободна трговија со Европската унија до крајот на годината.

Кога дописниците пристигнале на Даунинг Стрит 10, им било побарано да се претстават и им било кажано да застанат на две спротивни страни во ходникот пред влезот. Потоа шефот за комуникации Ли Кејн повикал една група да влезе, а на другата им кажал да си одат.


На барањето на Даунинг Стрит да објасни зошто одбил одредени медиуми, меѓу кои биле и дописниците на „Индепендент“, Кејн одговорил дека тие можат да повикаат на брифинг кого сакаат и кога сакаат, по што сите новинари одбиле да учествуваат на брифингот.

Кејн одби да одговори колку пари биле потрошени за организација на брифингот кој требало да вклучи и експерти, меѓу кои и главниот преговарач Дејвид Фрост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг