Повторно се затресе Албанија: Земјотрес со јачина од 4 степени го погоди Драч

Точка

01/02/2020

10:40

2.393

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтер го погоди албанскиот крајбрежен град Драч, кој кој крајот на минатата година беше разрушен од силен земјотрес.

Како што соопштија од Националниот геофизички институт, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 36 километри, пренесува агенцијата „АТА“.

Засега нема извештај за евентуална причинета штета во градот и околината, како и за жртви и повредени.


Во ноември минатата година соседна Албанија ја погоди серија на земјотреси во кои животот го загубија повеќе од 40 лица, а илјадници беа ранети. Тогаш епицентарот на еден од најразорните земјотреси беше исто така во близина на Драч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг