Новиот играч на Тотенхем позираше со дресот на „петлите“: Се чека официјална потврда

Дерби

29/01/2020

10:29

1.275

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо го обезбеди и второто засилување во јануарскиот преоден рок откако Тотенхем и ПСВ се договориле за холандскиот репрезентативец, Стивен Бергвијн.

Офанзивецот ги помина медицинските прегледи во Лондон, а веднаш потоа позираше и со дресот на Тотенхем.

Сепак, трансферот се уште не е официјализиран и се очекува истото да се стори во следните неколку часа.

Бергвијн пристигна на „Вајт Харт Лејн“ за сума од 27 милиони евра и треба да помогне на тимот на крилните позиции во офанзивата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг