Уште една емотивна реакција на тенискиот шампион поради смртта на Коби: “Срцето ми е потполно скршено, извинете”

Точка

28/01/2020

20:27

2.901

Големина на фонт

а а а

Големиот Новак Ѓоковиќ тешко ја поднесува загубата на големиот Коби Брајант. Веќе по завршувањето на дуелот во четвртфиналето од Австралијан опен против Милош Раониќ, Србинот не можел да ги скрие солзите поради смртта на НБА легендата, а подеднакво емотивно зборувал за него и на конференцијата за медиуми.

Секако, новинарите сакале да слушнат уште некој детаљ за односот помеѓу Коби и Новак, а тој повторно не можел да ги задржи солзите. 

“Ова е нешто потполно неочекувано, шок за сите нас. Мислам... тој имаше 40 години. Користеше хеликоптер кој беше негов, го користеше многу пати за тренинзи, бизнис состаноци, сè што му требало во радиус од 200 километри околу Лос Анџелес. Не го користел ретко. Навистина е тажно. Неговата ќерка имаше само 13 години... Не знам што да кажам, извинете, срцето ми е потполно скршено”, изјавил тенискиот шампион.

Погледнете ја реакцијата на Ѓоковиќ на прашањето за Коби Брајант (3:09):




Спонзорирани линкови

Маркетинг