Опожарени две возила во Скопје

Макфакс

28/01/2020

18:54

1.403

Големина на фонт

а а а

Изутринава, околу 2.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Хашка избувнал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. Ѓ. (37) од Скопје.

Од пожарот делумно било зафатено и патничкото моторно возило „сеат атека“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на S. И. од Тетово. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Скопје. Увид е извршен, соопшти МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг