Кирјос плачеше за Коби, па после тешка битка загуби од Надал во осминафиналето

Дерби

27/01/2020

14:25

639

Големина на фонт

а а а

Големата трагедија која го снајде семејството Брајант ја погоди целокупната спортска јавност, вклучувајќи ја и тениската со оглед на тоа што во овој момент е актуелен првиот грен слем турнир во годината.

Како крај на осминафиналната програма на Австралија Опен, на теренот на „Род Лејвер арената“ излегоа Ник Кирјос и Рафаел Надал, а посебно емотивен беше домашниот тенисер кој носеше дрес на Коби и кој плачеше на теренот за смртта на својот кошаркарски идол.

Убавиот гест на Ник наиде на позитивни коментари од јавноста, а мора да се напомене дека Кирјос денеска се прикажа и во одлично тениско издание, кое сепак не беше доволно за да го изненади Рафа Надал. Искусниот Шпанец славеше со 3:1 во сетови, со тоа што Кирјос е погрижи да гледаме супер тениска битка која беше заокружена со два тајбрејка во третиот и четвртиот сет.

Откако првите два сета завршија по 6:3 за секој од двајцата, третиот му припадна на Надал со 8:6 во тајбрејкот, а светскиот рекет број еден беше подобар и во 13-та игра од четвртиот сет со 7:4. На овој начин Рафа се пласираше во четвртфиналето на првиот грен слем, каде ќе игра со Доминик Тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг