Ја нарекол “ретардирана”, но не очекувал дека таа ќе му се одмазди волку жестоко

Точка

27/01/2020

16:47

2.654

Големина на фонт

а а а

Кејти Фефер од САД жестоко му се одмаздила на еден маж откако добила омаловажувачка порака од него преку една интернет апликација за запознавање.

Фотографијата од пораката која Кејти ја објавила на својот Твитер профил собрала повеќе од 240.000 лајкови за неколку дена. Фефер била згрозена кога мажот, преку апликацијата за запознавање ја нарекол “ретардирана”. 


“Дали и ти си една од оние згодни девојки кои се едноставно ретардирани? Твојата биографија покажува дека е така”, ѝ напишал дотичниот маж.

Навредена од неговите зборови, Кејти одлучила да му се одмазди, па го пронашла неговиот татко на социјалните мрежи за да го извести на кој начин неговиот син им се обраќа на жени. Со помош на своите “детективски способности”, Кејти го пронашла човекот и му ја испратила пораката од неговиот син:

“Се извинувам за пораката, само помислив дека би сакале да знаете како вашиот син им се обраќа на жени”, а тоа го споделила и со нејзините следбеници.

“Го најдов Инстаграм профилот на таткото на ова момче. Никогаш не ги потценувајте детективските способности на една девојка”.

Меѓутоа, Фефер не застанала тука – таа дознала и дека момчето стажира во една фабрика за храна, па во својата Твитер објава го означила и официјалниот профил на фабриката за да ги извести за неговото однесување.

“Од мојата прва објава добив пораки од 4 девојки кои ми напишаа дека овој маж ги злоставувал и дека е манипулатор и расист. Дознав дека стажира во вашата компанија. Ако сакате да дознаете повеќе, контактирајте ме”, напишала Кејти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг