Оваа фотографија на Твитер го насмеа интернетот: Неочекуван начин како да го изберете совршениот парфем

Точка

25/01/2020

16:54

4.711

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Твитер во голема мера е променета од самото основање во 2006 година. Освен хаштаговите, ограничениот број на карактери кој од 140 се прошири на 280 и можноста за рекламирање, денес оваа интернет платформа стана препознатлива и по споделувањето на различни мислења, лични искуства, но и воведување трендови.

Овојпат една жена со својата објава тотално ги изненадила корисниците на оваа социјална мрежа кога објавила фотографија на основа на која барала од своите следбеници да ѝ помогнат да избере совршена нота на парфем. 

Таа споделила фотографија од своите раце намирисани со парфем, а потоа напишала: “Помогнете ми, кој парфем да го купам? Многу сум збунета”.

##https://twitter.com/fakehesssa/status/1220081690384781318##

“Дефинитивно би го избрала парфемот на левата рака, мирисот е поинтензивен”, “Ми се чини дека парфемот на десната фотографија е малку посилен. Дали станува збор за парфем на Версаче?”, “Сите кои го избрале десниот парфем немаат вкус. Дефинитивно левиот!”, се само дел од шегите кои се појавиле под фотографијата.

Не сме сигурни за кој парфем се одлучила оваа жена, но она што е сигурно е дека нејзината фотографија ги насмеала корисниците на оваа социјална мрежа, но и покажала во колкава мера се променила истата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг