Де Јонг го посочи играчот кој најмногу му помага во Барселона

Дерби

24/01/2020

15:58

1.331

Големина на фонт

а а а

Френки Де Јонг е еден од играчите кој допрва треба да заигра на своето најдобро ниво во Барселона, а за тоа е свесен и самиот тој кој за својот досегашен престој на „Камп Ноу“ си даде оценка шест од десет.

-Шест. Засега шест, шест ипол. Играв многу минути, повеќе или помалце играв добро. Јас сум среќен, ама знам дека моите игри можат да бидат многу подобри, -истакна Холанѓанецот кој минатата година ова време беше потврден за нов играч на шпанскиот великан, меѓутоа официјално го облече дресот и заигра минатото лето.

Фудбалерот од средината на теренот во интервјуто за „Спорт“ проговори отворено и за многу теми, одговори на многу прашања, а меѓу нив беше и она за колегата кој најмногу му помогнал во досегашниот престој во Барселона.

-Тешко е еден да се избере… ама кога пристигнав Бускетс ми помогна со многу работи. Можам да кажам дека се погрижи за мене во одредена смисла: на првимер, првиот ден кога дојдов во Барселона и пред тренингот да започне, ми испрати порака и ме праша дали нешто ми треба и резервира маса во ресторан за мене и мојата девојка.Добро се однеусваше кон мене. Ако морам да бирам еден, би кажал Бускетс, иако сите многу ми помогнаа, -истакна Де Јонг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг