Ова е првата фотографија на смртоносниот Корона вирус

Точка

24/01/2020

16:05

5.907

Големина на фонт

а а а

Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науки денес ги објави првите фотографии од опасниот Корона вирус, додека земјата се справува со обезбедување на карантин за над 18 милиони луѓе.

Објавени се првите крупни фотографии од смртоносниот Корона вирус кој уби најмалку 26 луѓе, а заразени се над 800 луѓе.

Корона вирусот или 2019-nCoV е тесно поврзан со синдромот на респираторен синдром на Блискиот исток (MERS-CoV) и тежок акутен респираторен синдром (SARS-CoV), а досега се прошири и надвор од границите на Кина - Виетнам, Тајланд, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Хонгконг и САД.

                    

Заразените имаат симптоми во распон од обична настинка до тешка инфекција на белите дробови, а моменталните противмерки како што се носење на маска за лице и масовна дезинфекција засега не се во состојба да го сопрат ширењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг