Заштитен знак на Охрид: Ги краселе кралицата Елизабета и принцезата Дајана

Точка

24/01/2020

12:30

3.413

Големина на фонт

а а а

Охридското езеро е едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа. Покрај стотиците ендемски видови на билки и животни, езерото крие и едно од најпознатите богатства на овој регион, а тоа е охридскиот бисер.

Смарагднозелената вода на Охридското езеро е дом за 212 познати видови на ендемски билки и животни. Една од нив, рибата плашица, е важна за правењето на бисери, пишува BBC, поради што и Охрид е на листата на културни наследства на УНЕСКО. 

Речиси стотина години постојат само две семејства кои знаат како се произведува охридскиот бисер, а тоа се семејствата Филев и Талев.

За разлика од обичните бисери, охридските бисери се прават од оклопот на школката, а потоа се додаваат најмалку осум слоеви тајна емулзија, па се обликуваат во топчиња со посебен сјај.

Секој слој мора да се исуши пред нанесувањето на следниот, што може да трае меѓу 45 минути и еден час. Главната состојка на оваа емулзија е крлушка од рибата плашица. Меѓутоа, останатите состојки на емулзија се тајна која се чува со генерации.

Историјата на охридскиот бисер датира уште од 1920-та година, кога руски мигрант им ја покажал техниката за правење на бисери на членовите на две семејства. Од тогаш Филев и Талев ја пренесувале тајната на своите потомци преку устен пат и тоа само на машките наследници.

Векот на траење на обичните бисери се проценува на 150 години, а семејството Талев тврди дека охридските бисери траат вечно.

Во последните неколку децении блескавите бисери од Охрид станале еден од најголемите заштитни знаци на Македонија, а ги носеле и европски кралски дами како данската кралица Маргарет Втора, кралицата Елизабет Втора и принцезата Дајана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг