Поместени стрелките од „Часовникот на Судниот ден“: Америка и Русија можеби нема да водат нуклеарна војна, но можен е судир на овие две земји

Точка

24/01/2020

10:42

1.843

Големина на фонт

а а а

Веројатноста дека Соединетите Американски Држави и Русија ќе се судрат со своето нуклеарно оружје и покрај тензиите во односите помеѓу двете земји, сепак е навистина мала.

Но, нивниот нуклеарен арсенал претставува егзистенцијална опасност, сметаат експертите од групата „Билтен на атомските научници“. Таа група на 23-ти јануари објави дека стрелките на „Часовникот на Судниот ден“ се поместуваат нанапред за 20 секунди, односно сега се на 100 секунди од полноќ.

„Мислам дека ниту Русите, ниту Кинезите немаат намера да ги нападнат САД со нуклеарно оружје. Грешка е можна, но во тие земји - САД, Кина и Русија, системите за контрола се прилично добри. Мислам дека е поголема опасноста од тоа некои други земји да употребат нуклеарно оружје. Можеби Пакистан“, изјави членот на Советот за наука и безбедност при таа група, Роберт Латиф.


Според неговите зборови, поголема загриженост предизвикуваат земјите кои имаат послаби ситеми на контрола на нуклеарното вооружување.

„Опасноста од користење на нуклеарно оружје сега донекаде е поголема поради присуството на толку други луѓе на меѓународна сцена“, додаде Латиф, не прецизирајќи на кого мисли.

„Додека арсеналот е голем, секогаш постои веројатноста од намерно или ненамерно лансирање. Мене ме плаши веројатноста од размена на напади, намерни или ненамерни, помеѓу Индија и Пакистан“, изјави професорката Шерон Сквасони.


Според неа, сепак неопходен е еден поширок дијалог помеѓу САД и Русија во врска со неширењето и контролата на вооружувањето. Сквасони констатираше дека каналите на комуникација практично „испрариле“, а тоа го зголемува ризикот.

„Кога одеднаш би се случило нешто, потребна е одредена доверба помеѓу Москва и Вашингтон, или пак взаемно почитување за додека летаат ракетите кон целта, а тоа е околу 30 минути или помалку, да се поврзат телефонски и да ја разјаснат ситуацијата“, смета Сквасони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг