Мистериозното суштество кое било забележано на плажа ги збунило сите! Знаете ли вие што е ова?

Точка

24/01/2020

08:56

3.395

Големина на фонт

а а а

Розовото морско суштество локалните жители ги оставило во чудо откако се појавило на плажата во Јужна Каролина.

Ова суштество на плажата Фоли го пронашол Александар Илг, а фотографијата ја објавил на социјалната мрежа Фејсбук на која побарал помош за идентификација на животното.

„Знае ли некој што е ова?“ - прашал тој откако ги поставил двете фотографии во Фејсбук групата I love Folly Beach SC.

„Морски марсовец“ - се пошегувале луѓето во коментарите, а некои отишле толку многу далеку што пишувале дека тоа е отсечен дел од човечкото тело.


Но, набрзо потоа извлекле заклучок дека потеклото на животните е помалку егзотично отколку што на прв поглед изгледа.

Многумина веруваат дека станува збор за животно кое живее во сите мориња и кое живее од почетокот на морето до длабочини од неколку стотици метри.

Овие суштества не се необични ни за водите во Јужна Каролина, но ретко се забележувани таму поради што фотографиите кои биле поставени на Фејсбук предизвикале големо внимание кај луѓето.


Инаку, овие суштества може да се забелажат и во други бои, вклучувајќи и црвена, зелена и црна.

Можат да бидат пронајдени во морските води од поларните региони до тропските региони, но и покрај тоа луѓето кога ќе ги видат во водата или пак на плажите веднаш бегаат исплашени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг