Кралицата го потпиша договорот за Брегзит: Британија ја напушта Европската унија на 31-ви јануари

Точка

23/01/2020

18:37

2.616

Големина на фонт

а а а

Британскиот парламент го усвоил Законот за Брегзит, што значи дека таа земја сега и официјално ја напушта Европската унија на 31-ви јануари.

Законот на премиерот Борис Џонсон го потпиша кралицата Елизабета Втора. 

Пратениците на британскиот Парламент претходно го одобриле законот кој ќе овозможи излегување на земјата од ЕУ, со што ќе се стави точка на повеќе од три години долгото преговарање околу условите за "разводот".

Со овој сет закони ќе биде спроведен договорот за излегувањето од Унијата, кој минатата година бил постигнат со Унијата.

Тогаш започнува тешкиот период на трговски преговори кои ќе ги дефинираат новите односи на Британија кон Европа, нејзиниот клучен трговски партнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг