„Сè е измама! Целта беше голема војна, а светот го спаси Русија“: Офицер на ЦИА открива како е срушен украинскиот авион во Иран

Точка

23/01/2020

21:33

17.989

Големина на фонт

а а а

Филип Џиралди, поранешниот експерт за борба против тероризмот, шпекулира дека САД покренале неколку сајбер напади, еден на иранскиот систем на противракетната одбрана и вториот на транспондер срушениот украински авион.

Експертот објаснува дека иранскиот ракетен оператор доживеал екстремно “пореметување“, а транспондерот на украинскиот авион бил исклучен неколку минути пред двете руски ракети „Тор“ да бидат лансирани.

„Гасењето на транспондерот кој на операторот автоматски би му сигнализирал дека авионот е цивилен, укажувало дека всушност претставува непријателска мета. Операторот бил особено информиран во врска со можноста за појава на американски ракети“ - рекол тој.

Џиралди изјавил дека ракетниот систем Тор, кој го користи Иран е ранлив на хакирање, а дека транспондерот на авионот на летот 752 истовремено бил надвор од мрежа за да создаде авионска несреќа која ќе се припишува на иранската влада.

Пентагонот, како што се известува развил технологија која може да ги “намами“ непријателските радари со лажни движења до целта.

„Истата технологија може секако да се користи и за измена или пак за маскирање на транспондерот на цивилниот авион на таков начин што ќе испраќа лажни информации за идентитетот на локацијата. САД има можност за сајбер и електронска војна која истовремено има способност за попречување и ги менува сигналите кои се однесуваат и на авионските транспондери и на иранската противодбрана. Израел секако дека ја има истата способност“ - рекол Џиралди.


Иранскиот претседател Хасан Рохани го обвини САД за причината за падот на украинскиот авион велејќи:

„Коренот на секоја трагедија потекнува од Америка, така што не можеме да ги исклучиме како причина за трагедијата“.

За среќа на планетата, а за жал на јастребите во Пентагонот, Русија прва ја воочила валканата игра на Американците и само благодарение на неа не дошло до голема војна.

Поточно, Техеран на молба на Москва и Кина се воздржал од отворен напад на америнаските интереси на Блискиот Исток и се ограничил на ракетирање на базата на војската на САД во Ирак. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг