Сурова кинеска атракција: Фрлаат свиња од банџи, додека публиката навива

Точка

21/01/2020

17:05

2.049

Големина на фонт

а а а

Нова атракција во еден кинески тематски парк, предизвикала бес кај јавноста, бидејќи е крајно несекојдневна и сурова.

Имено, на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како Кинезите фрлаат свиња од банџи од платформа висока 70 метри.

На видеото се слуша како свињата вреска, додека ја фрлаат во провалија. Околу платформата се слуша навивање и смеење.

##https://twitter.com/71Asy/status/1218921046683746304##

Снимката потоа продолжува со сцена каде се гледа дека животното лежи речиси без свест, а потоа го влечат. Со овој потег официјално е отворена платформата за банџи скокање.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, но не баш од добри причини. Многумина ги осудиле челниците на забавниот парк поради нехуманото третирање на свињата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг