Новото оружје на американската армија: Рој дронови...

Точка

21/01/2020

12:39

2.587

Големина на фонт

а а а

Рој на беспилотни летала кои со својата бројност ќе ја совладуваат непријателската одбрана наскоро би можеле да станат дел од американската стратегија.

Токму снимката на компанијата „Дајнетикс“ прикажува дрон кој изгледа како една голема ракета земја-воздух лансирана од транспортниот авион „Ц-30 Херкулес“.

Дронот означен X-61A отпушта мали крила и го пали моторот, подготвувајќи се за автономен лет. Според американските медиуми, овој дрон останал во воздух час и половина, притоа изведувајќи основни маневри. Сето ова се случило во ноември минатата година.

X-61A е дел од проектот Gremlins на Пентагон, основан од Агенцијата за напредни одбранбени истражувачки проекти DARPA во 2016-та година. Неговата цел е на американската армија да ѝ пружи роеви на релативно евтини беспилотни летала за кои се очекува да изведуваат координирани акции.

Според DARPA, ваквите беспилотни летала би требало да се лансираат од бомбардери, транспортни авиони, па дури и од ловци додека се надвор од домет на непријателската одбрана, а потоа да ги вршат своите задачи, од извдиништво, па до совладување на непријателската одбрана со својата бројност.

Наводно на оваа програма веќе работат повеќе американски компании, а канцеларијата за стратешка способност на Пентагон исто така работи на слична технологија. Нивните роеви на дронови „Пердикс“ кои се лансираат од „Ф-18“ веќе беа тестирани во 2016-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг