Мајка и син од Велес живеат во ужасни услови, без огрев, храна и лекови

Нетпрес

21/01/2020

10:18

2.585

Големина на фонт

а а а

Во сторијата се кажува дека мајката и синот живеат со 11 илјади денари, кои ги добиваат од државата како нега и надомест за намалена мобилност. Пред 15 години Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет. Вистинско чудо е што досега сум жива, вели, едвај изговарајќи ги зборовите од уста.

„Оваа одаја која повеќе личи на пештера отколку на соба, вчера беше местото каде што Велешанецот Јордан Јованов го прослави својот именден и 40-ти роденден. Но, немаше славеничка песна, ниту радост во неговиот дом. Јордан нема пријатели. Ниту колеги од работа. Единствениот другар е неговата неподвижна мајка Ангелина, овие четири мувлосани ѕидови и подот кој почнал да се поткопува до земја. Студот е секојдневието за овие луѓе. За да заштедат од дрвцата кои им останале, старото ќумбе го палат попладне. До тогаш, 75 годишната Ангелина седи во ладно. Се грее со термофор и шише топла вода в раце. Јордан го трпи студот. Сиромаштија не е вистинскиот збор да се опише животот на овие луѓе – туку беда“, објави 24 Вести.

Во сторијата се кажува дека мајката и синот живеат со 11 илјади денари, кои ги добиваат од државата како нега и надомест за намалена мобилност. Пред 15 години Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет. Вистинско чудо е што досега сум жива, вели, едвај изговарајќи ги зборовите од уста.

- Јордан својот живот го посветил на грижа за својата болна мајка. Неизмерно ја сака и не сака да помисли да се раздели од неа. Ниту е оженет, ниту пак во последните 15 години, по мозочниот удар на мајка си, знае што е забава. Поради обрските кон неа, не може ниту да работи.Од дома излегува еднаш месечно. Да плати комуналии и од тоа што ќе остане од парите, да купи нешто за јадење. Никогаш не задоцнил со плаќање на сметките за струја и вода. Но, никогаш и не се пријавил во социјалните институции, за да добие социјална помош. Низ солзи раскажува дека итно му е потребна помош за огрев, оти дрва веќе нема. Сметката му е блокирана, откако пред повеќе години некој го насамарил да му биде жирант за кредит, кој никогаш не бил платен. Ова семејство е вистински тест за државата, која себе си се нарекува социјална. На потег се институциите, кои треба да најдат трајно решение за овие луѓе, но и хуманите граѓани, кои барем малку можат да го ублажат страдањето на мајката и синот од Велес, пишуваат 24 Вести.

Во врска со сторијата, на својот фејсбук профил Иван Камчев и Владимир Тевчев напишаа :

 - Имаме ли држава ? Има ли воопшто живот за овие луѓе ? Има ли барем некој кој може да им помогне овие двајца луѓе, на мајката Анѓелина и синот Јован ?

Аман бре луѓе што живот е ова ? Никогаш помош не побарале, ова е прв пат !!!

Ајде Државо, ајде луѓе, сите сме сега на потег, кој колку што може, барем да имаат малку достоинствен живот!!!

Добри луѓе, ве молам споделете.

Телефон на синот Јордан 074600659

Жиро сметка: Ангелина Јованова 370000016047902 Еуростандард банка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг