Директорката на „Хуавеј“ на сослушување во Ванкувер

Макфакс

21/01/2020

10:08

1.055

Големина на фонт

а а а

Финансиската директорка и потпретседателка на компанијата „Хуавеј“, Менг Ванжоу се појави вчера на рочиште во Ванкувер.

Судењето, како што предупредуваат адвокатите, може да трае и неколку години, поради можноста за жалби во канадскиот правен систем.

Додека Пекинг бара од Канада да ја ослободи Менг Ванжоу, за да не биде екстрадирана во САД, каде е обвинета за измама, но и за кршење на санкциите на САД врз Иран, Менг тврди дека е невина. Судот во Ванкувер треба да одлучи дали кривичното дело за кое ја товарат САД ќе се смета за кривично дело и во Канада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг