Кинескиот претседател: Итно мора да се спречи ширењето на корона вирусот

Макфакс

20/01/2020

16:12

853

Големина на фонт

а а а

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека земјата одлучно ќе го спречи ширењето на новиот корона вирус, од кој досега починале три лица во земјата, јави телевизијата.

„Животот и здравјето на луѓето треба да бидат врвен приоритет и ширењето на епидемијата мора одлучно да го запреме“, рече Шји.

Кина потврди дека досега се пријавени вкупно 217 случаи на корона вирус. Од болеста предизвикана од вирусот досега починале три лица, а почнал да се шири и во соседните земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг