Емотивен говор на принцот Хари: „Велика Британија е моја татковина и местото кое го сакам, а тоа никогаш нема да се смени“

Точка

20/01/2020

12:12

2.123

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари, војводата од Сасекс изразил “глема тага“ во неделата навечер во текот на првото јавно обраќање откако Бакингемската палата најавила дека тој и неговата сопруга Меган ќе се откажат од титулата и нема да се претставуваат како членови на кралското семејство.

„Велика Британија е моја татковина и местото кое го сакам. Тоа никогаш нема да се смени“ - започнал принцот Хари.

Тој истакнал дека одлуката не ја донел лесно туку дека со месеци разговарал за тоа со својата сопруга, пренесуваат од Си-ен-ен.

Како што кажал, можеби некогаш не носел правилни одлуки, но во овој случај како што наведува не постоела друга опција.

„Се надевавме дека по оваа наша одлука ќе може да продолжиме да ѝ служиме на кралицата и заедницата и дека ќе можам да ги извршувам своите војнички должности, но сето тоа без користење финансиски средства“ - изјавил Хари додавајќи дека за жал тоа не е можно.

Во говорот кој го одржал во Лондон на приемот за собирање средства за Сентебал, добротворната организација која им помага на децата кои живеат со ХИВ во Јужна Африка, тој истакнал дека секогаш ќе има почит кон својата баба, неговиот главен командант, пренесуваат од Би-би-си.

„Го прифатив ова, знаејќи дека тоа се менува, кој сум или пак колку сум посветен“ - рекол принцот Хари.

Говорејќи за притисоците од кралскиот живот и медиумското внимание, војводата изјавил дека се плашел дека неговата сопуга ќе биде жртва на “истите моќни сили“ кои ја довеле до смрт неговата мајка Дајана во 1997-та година во Париз.

Принцот Хари и Меган повеќе нема да можат да ја користат титулата “кралско височество“, а го изгубија и правото на користење на јавните средства кои биле трошени за кралската должност така што војводата и војвотката од Сасекс ќе го вратат данокот на обврзниците со 2.4 милиони фунти кои биле потрошени за нивниот дом.

Критики

Британските медиуми кои го објавија говорот на принцот Хари на насловните страни на денешните медиуми, ја нагласуваат болката која тој ја чувствува поради одделувањето од кралското семејство. 35-годишниот Хари и неговата сопруга Меган на 8-ми јануари објавија дека сакаат да се повлечат како виши членови на кралското семејство и да бидат финансиски независни, а времето да го поминуваат и во Велика Британија и во Северна Америка.

Помирен живот

Хари изјавил дека се надева дека се движи кон помирниот живот и најавил дека ќе се посвети на поддржување на добротворната организација која за него е многу важна.

Тој нагласил дека тој и неговата сопруга не се оддалечуваат затоа што Велика Британија за нив е дом.

„Ќе направиме сè што е во наша моќ гордо да ги носиме боите на нашата земја и гордо да ја извршиме нашата улога“ - рекол тој.

Кралицата Елизабета во соопштението од саботата изјавила дека “ѝ е драго тоа што парот заедно нашол конструктивен и прифатлив пат“.

„Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на моето семејство“ - додала кралицата во нејзиното соопштение. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг