Кина погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени

Макфакс

19/01/2020

19:41

1.385

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес ја погоди денеска западната област Ксингјанг на Кина, соопшти кинеското сеизмичко биро.Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погодил регионот во 21.21 часот на длабочина од 16 километри, пренесува АП.

Епицентарот на земјотресот беше на 56 километри од областа Пеизават, а тресењето на тлото се почувствувало во градовите Кашгар и Артук.

Американскиот геолошки институт извести дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени по Рихтер на длабочина од 10 километри. Причините за разликите во големината и длабочината на податоците за земјотресот не се познати. 

Земјотресите се честа појава во Ксингјанг, област која граничи со Централна Азија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг