Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во Хонг Конг

Макфакс

19/01/2020

19:40

826

Големина на фонт

а а а

Полицијата со солзавец ги растера стотици демонстранти, кои во парк во Хонг Конг повикуваа на демократски реформи и осуда на комунизмот.

Облечени во црно и со маски за лицето што стана заштитен знак на протестите, демонстрантите се собрале недалеку од зградата на градскиот Законодавен одбор. Тие носеле транспаренти на кои пишувало „Слободен Хонг Конг“и мавтале со американски и британски знамиња, пренесува АП.

Полицијата во Хонг Конг го одобри митингот, но не даде дозвола да го одржи маршот што го планираа организаторите подоцна. Кога денешниот митинг прерасна во марш, полицијата реагираше брзо и употреби солзавец и неколку лица беа уапсени. 

Протестите, кои честопати се претвораат во насилни судири со полицијата, траат половина година, како реакција на законот за екстрадиција во Кина, кој оттогаш е повлечен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг