Убедливо најпопуларен модел минатата година била "Toyota Corolla" која е продадена во 1.236.380 примероци.
На второто место бил популарниот американски камионет Ford F-Series, кој во 2019-та година привлекол 1.070.235 купувачи, додека на трето место се нашла уште една "Toyota" - SUV моделот RAV4 со 931.852 продадени возила, покажуваат податоците кои ги собрал специјализираниот сајт focus2move.com.
Интересно е дека меѓу десетте најпродавани автомобили во минатата година се нашле дури 5 јапонски модели.
Погледнете ја листата на 10-те најбарани модели на автомобили во 2019-та: