Ново засилување за Наполи: Капитенот на Косово пристигна на медицински прегледи

Дерби

17/01/2020

13:46

922

Големина на фонт

а а а

По ангажманот на играчите од средниот ред, Деме и Лоботка, Наполи сега е пред ангажман на играч од одбраната.

Станува збор за репрезентативецот на Косово и сегашен стопер на Верона, Амир Рахмани кој ќе пристигне во Неапол за сума од 14 милиони евра.

Играчот веќе пристигнал на медицински прегледи во Вила Стуарт, а веднаш откако истите ќе бидат комплетирани ќе биде официјализиран неговиот трансфер.

Сепак, како што стојат работите, Рахмани ќе се врати во таборот на Верона и ќе ги одработи следните шест месеци како позајмен фудбалер, а од на лето дефинитивно ќе се стави во комбинација за настап во дресот на Наполи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг