Запознајте ги дигиталните супермодели: Нов вид инфлуенсери владеат со социјалните мрежи

Точка

17/01/2020

11:47

1.505

Големина на фонт

а а а

Иако звучи неверојатно, после блогери, влогери, Јутјубери, на интернет се појави нова генерација инфлуенсери - дигитални супермодели.

Една од најпознатите е Шуду, чиј профил има 196.000 следачи. Иако сите се воодушевени од нејзината совршена убавина, вистина е дека позади нејзините фотографии се крие 3D анимација, позади која се потпишува Британецот Камерон Џејмс Вилсон.

View this post on Instagram

📸@cjw.photo . . #3dart

A post shared by Shudu (@shudu.gram) on

Експертите за социјални мрежи и дигитална технологија ги предупредуваат инфлуенсерките да внимаваат, бидејќи Шуду е само една од многуте виртуелни модели на социјалните мрежи. Таа настанала со цел да се соберат што повеќе следачи и да се заработат пари. И добро ѝ оди засега - оваа “вонземјанска“ убавица гради профитабилни партнерства со најголемите модни брендови, како што се Белмеин, Келвин Клајт и Диор.

Покрај модните куќи и многу познати личности кои имаат влијание на социјалните мрежи ги прифаќаат како свои рамноправни колеги: Ким Кардашијан, Бела Хадид и Зендаја се појавиле на фотографии и видео записи со своите дигитални колеги. Дури и модните агенции, вклучувајќи ги IMG и Lipps потпишале договор со нив.

Камерон Вилсон, дизајнерот на првиот дигитален супермодел, признава дека неговата компанија масовно расте, но дека нема да открива за колкава заработка станува збор.

Маркетинг експертот Чарли Бафин тврди дека водечките дигитални супермодели заработуваат помеѓу 10.000 и 15.000 долари по објава, некои и повеќе, што значи дека цената е изедначена со инфлуенсерите кои имаат сличен број на следачи.

Покрај Шуду, дигиталниот модел Лил Микела, на ист начин заработува милиони долари на интернет. Таа е првата инфлуенсерка која стекна слава ширум светот, а ја следат 1,8 милиони корисници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг