Возете внимателно, густа магла кај Тетово и Охрид

Макфакс

17/01/2020

09:26

506

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на патиштатa се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до сeлото Гајре – 20 метри и Охрид до 30 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг