Возете внимателно, има густа магла на патиштата

Макфакс

16/01/2020

08:28

390

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот нa патиштата се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, Кула – Катланово, Охрид, Струга, Штип и видливост до 100 метри има Страцин, Сарамзалино, Велес, Македонски Брод, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Битола, Ресен и Кичево.

ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1, делница: Демир Капија-Смоквица, за време на изведување на градежни работи-електрично осветлување на тунел Демир Капија на државен пат, согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци сметано од денот на издавање (02.01.2020 година). 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг