Албанија протера ирански дипломати

Точка

15/01/2020

18:01

3.506

Големина на фонт

а а а

Албанските власти денес ги прогласија иранските дипломати за непожелни лица, соопшти министерот за надворешни работи на нашите западни соседи Гент Чакај.

Чалак на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ наведе дека за непожелни се прогласени двајца ирански дипломатски претставници, Мохамад Али Арз и Сеид Ахмад Хосеини.

„Министерството за европски и надворешни работи одлучи денес, дипломатските претставници на амбасадата на Исламската република Иран во Албанија, Мохамад Али Арз и Сеид Ахмад Хосеини да бидат прогласени за непожелни лица поради нивните активности кои се косат со принципите на Виенската конвенција за дипломатски односи“, порача Чакај.

Тој додаде дека двајцата претставници на Исламската Република Иран треба веднаш да ја напуштат територијата на Албанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг