Нови апсења во Иран: Приведено лицето кое го снимило соборувањето на украинскиот авион

Точка

15/01/2020

18:23

2.358

Големина на фонт

а а а

Во Иран било уапсено лицето кое го снимило соборувањето на украинскиот авион минатата седмица, кога загинале 176 патници и членови на екипажот.

Деталите од апсењето не се познати, а BBC пренесува дека се очекува уапсеното лице да се соочи со обвиненија во врска со националната безбедност. 

Иранската војска признала дека ненамерно го соборила украинскиот авион кај Техеран, наведувајќи дека станувало збор за човечка грешка.

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, изјавил дека за овој, како што рекол, трагичен настан, не би требало вината да се префрли на една личност и дека одговорни се и други.

Откако се појавила снимката на социјалните мрежи, аналитичарите процениле дека на неа се гледа дека авионот го погодила ракета.

Иран во вторникот соопштил дека биле уапсени лица кои се доведени во врска со соборувањето на украинскиот авион. Се наведува и дека 30 лица биле уапсени поради учество во илегални собори.

"New York Times" објавил дека на снимката се гледа дека две ракети се испукани на авионот, во период од 20 секунди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг