Ја обвинуваат дека го растури кралското семејство, но оваа снимка покажува каков човек е Меган Маркл

Точка

15/01/2020

13:28

4.878

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл во последниве неколку денови е “најозборуваната“ личност на свет во светските медиуми. Принцот Хари и Меган Маркл одлучиле да се одвојат од кралското семејство и да бидат финансиски независни, а како што знаеме тоа им го одобри кралицата Елизабета II.

За првичното заминување од Велика Британија голем дел од јавноста ја обвинија поранешната актерка и многумина сметаат дека тоа било нејзина идеја.

Сепак постои добар дел од оние луѓе кои веруваат дека Меган целосно е спротивна од она што се пишува за неа.

Емили Соралес која ја запознала војвотката од Сасекс по пат на социјалните мрежи е голема обожавателка на Меган.

Емили објавила видео снимкаод 2016-та година кога Меган Маркл прекинала телевизиско интервју само за да ја прегрне.

„Социјалните мрежи се одличен начин да се спојам со публиката“ - рекла Меган и им се обратила на обожавателите во публика. Актерката потоа станала и тргнала кон Емили.

„Ти донесов писмо. Ќе зборуваме по емисијата“ - ѝ рекла Меган и силно ја прегрнала. Видеото е прегледано над 100 илјади пати. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг