Жестока расправија на принцовите за која не се знаело: Нивниот однос повеќе не бил ист, а еве што му забележал Вилијам на Хари

Точка

15/01/2020

09:44

4.252

Големина на фонт

а а а

Односот на принцот Вилијам и принцот Хари никогаш не бил вака затегнат, и покрај тоа што браќата ги демантирале натписите дека Вилијам го "злоставувал" Хари додека тој не отстапил од својата должност како постар член на кралското семејство.

Британските принцови вчера објавиле заедничко соопштение во кое ги негирале медиумските извештаи дека Хари се чувствувал малтретирано и дека затоа со својата сопруга Меган Маркл го напуштил кралското семејство, што кренало бура во јавноста. 

Меѓутоа, според пишувањето на британски "Sun", односите меѓу браќата се тензични и длабоко оштетени, до што дошло по неколку бесни испади.

Односот меѓу браќата никогаш не се опоравил од расправијата која ја имале непосредно пред нивните семејства прв пат да се појават заедно во јавноста со синот на Хари, Арчи, минатата година. Тогаш во Билингершкиот парк во Вокингем бил одигран хуманитарен поло натпревар во кој учествувале двајцата принцови, а поддршка им пружале сопругите со децата.

Меѓутоа, според извори блиски на британското кралско семејство, принцовите ноќта пред натпреварот имале бурна расправија. Вилијам од тогаш го обвинувал Хари дека се променил и дека "разговара грубо со персоналот".

По поло натпреварот фотографиите од насмеаните семејства се појавиле на насловните страни, но од тој ден односот меѓу Вилијам и Хари повеќе никогаш не бил ист.

"Тажно е колку нивниот однос се оштети. Секогаш ќе се сакаат како браќа, но работите никогаш не биле волку лоши. Хари чувствува дека Вилијам и Кејт никогаш не и дадоа шанса на Меган. И сега во таа состојба двајцата ја напуштаат земјата", рекол изворот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг