Погледнете како славеле фудбалерите на третолигашот кога жрепката им го доделила Реал во Купот на кралот

Точка

14/01/2020

19:43

2.036

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, во третото коло во Купот на кралот ќе играат против третолигаши, одлучено е денеска по пат на жрепка.

Реал ќе гостува кај клубот Унионистас де Саламанка, а тој клуб на својот Твитер профил објавил снимка од фудбалерите кои славеле за исходот на жрепката. 

##https://twitter.com/UnionistasCF/status/1217059058118688769##

Фудбалерите на Барселона ќе гостуваат на Ибица, а против третолигаши ќе играат и Атлетико Мадрид и бранителот на трофејот, екипата на Валенсија. Културас Леонас ќе го дочека Атлетико, додека Валенсија ќе гостува кај Логроњес.

Жрепката донесе и два пара од Примера – Севиља ќе игра против Леванте, а Реал Сосиедад против Еспањол.

Натпреварите се на програмата следната недела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг