Не ги жалел парите, ни времето, ни насмевките: Фановите сведочат за тоа каков човек бил всушност славниот актер

Точка

14/01/2020

19:11

4.083

Големина на фонт

а а а

Пред 4 години, светот го шокираше веста дека нè напушти еден од најсимпатичните негативци во светот на филмот.

Во август 2015 година, Алан Рикман доживеал послаб шлог, по кој му бил дијагностициран рак на панкреасот. Легендата на британскиот театар и филм ја доверила оваа тајна само на најблиските пријатели, поради што светот со неверување на 15-ти јануари 2016 година ја дочека веста дека славниот Англичанец починал. 

Иако претежно играше улоги на негативци – Северус Снејп во серијалот за Хари Потер, судијата Турпин во “Свини Тод”, Ханс Грубер во “Умри машки” и многу други, Алан Рикман важеше за еден од најхаризматичните и најдраги лица во светот на филмот.


Една од причините за тоа се и симпатичните анегдоти за него кои обожавателите од сите краеви на планетата одвреме-навреме ги споделуваа со јавноста, а ова се само некои од нив:

Изненадил новинарка со подарок

Кристина Клајн-Бисет, новинарка од Единбург, раскажала за “BBC” дека повеќе пати го интервјуирала Рикман, а во една прилика и добила подарок од него.

“Имав огромно задоволство да го интервјуирам Алан неколку пати. Кога во една прилика истурив црвено вино на мојот фустан во текот на интервјуто, тој ми ја фати раката, заедно ја преминавме улицата и ми купи нов фустан од една прекрасна продавница”.


Знаел да препознае вистински обожавател

Бренан Карли од “GQ” открил како изгледала неговата средба со славниот актер. Имено, кога имал само 13 години, Карли уживал во една претстава на Рикман и по неа добил прилика да поразговара со оваа легенда на Холивуд.

“Кога имав 13 години, го запознав Алан Рикман во Лондон по претставата “Мери Попинс” и тој започна да ми се обраќа како Снејп. Каков отмен потег!”.

Насмеал девојче во застрашувачки момент

Кога на 8-годишна возраст се изгубила на Бродвеј, Алисон Грос почнала да паничи. За среќа, во близина бил токму Алан Рикман.

“Го запознав Алан Рикман кога имав 8 години, покрај еден бродвејски влез на театар. Тој стоеше со мене сè додека не ме пронајде мојот татко и ми помогна да се смирам кога сфатив дека наидов на Снејп. Ми кажа дека сум слатка (и бев)”.


Смислил шега која еден фан на Хари Потер засекогаш ќе ја памети

Денес на социјалните мрежи е тешко да избегнете “спојлери”, но некогаш таа опасност не постоела. Меѓутоа, еден корисник на Твитер раскажал дека во една прилика, кога само што ја купил книгата “Хари Потер и Полукрвниот принц”, го сретнал Алан во хотел и го замолил да му даде автограм. Актерот се потпишал на книгата, го прашал момчето дали ја прочитал книгата и кога дознал дека сè уште не го направил тоа, му рекол:

“Претпоставувам дека знаеш дека јас сум Полукрвниот принц?”.


Почитувал баш сè околу себе

Исадора Фицџералд своевремено работела како асистентка во театарот “King’s Head” во Лондон, кога добила прилика да го послужи Рикман со чај. Актерот љубезно ѝ рекол:

“Навистина ми е жал, драга моја, имам страшна настинка! Бев шокирана од љубезноста со која ми се извинуваше кога бев само помошничка”, изјавила Исадора.



Спонзорирани линкови

Маркетинг