Последната европска држава која ја нема укинато смртната казна: Младите браќа добија морничава пресуда поради страшното злосторство

Точка

14/01/2020

18:07

14.758

Големина на фонт

а а а

Двајца браќа на возраст од 19 и 21 година се осудени на смрт поради бруталното убиство на својата поранешна професорка во Белорусија, последната европска земја која ја нема укинато смртната казна.

19-годишниот Станислав Костцев и неговиот брат Илија ќе бидат погубени во понеделник. Последната надеж браќата да не бидат погубени е да бидат помилувани од претседателот Александар Лукашенко, но тој веќе одамна порача дека нема намера да направи такво нешто.

Двајцата ученици се обвинети ладнокрвно убиство на 47-годишната професорка Наталија Кострица која била избодена околу 100 пати, а потоа била запалена и нејзината куќа. Тие одлучиле да ѝ се одмаздат откако професорката ја контактирала социјалната служба затоа што сметала дека нивната сестра треба да го загуби старателството над своите две малолетни деца.


Пред судот беа изнесени и стравични детали од злосторството кое ја шокираше Белорусија.

„Ја боделе и сечеле цела ноќ, буквално ја убивале со часови. Ги преколнувала, но на крајот ја докрајчиле иако ги молела да не ѝ го одземаат животот“, изјави обвинителот, додека обвинетите се бранеле дека биле пијани и „алкохолот им го поматил умот“.


„Се чувствувам страшно и преплашено. Длабоко сум вознемирен затоа што знам дека некој поради мене ќе биде погубен. Но, животот во затвор е уште полош затоа што луѓето таму се во кафез како животни“, изјави претседателот на државата Лукашенко кој од 1994-та година досега има потпишано околу 250 смртни казни, притоа поштедувајќи само еден осуденик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг