Се подготвува експлозивна ерупција на филипинскиот вулкан: Исфрлува пепел на висина од дури 14 километри, евакуирани се милион луѓе...

Точка

14/01/2020

17:03

1.459

Големина на фонт

а а а

Филипинските власти повикаа на итна евакуација на речиси милион луѓе во близина на престолнината Манила откако вулканот започнал да исфрла пепел на висина од 14 километри. Филипинските власти предупредуваат дека може да дојде до експлозивна ерупција која може да предизвика катастрофа.

Вулканот Тал е еден од најактивните вулкани во земјата и според експертите, со тоа што започнал да исфрла толку голема количина на пепел и тлото продолжува да се тресе, постои опасност од голема експлозија.


Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија го подигна нивото на предупредување на четири, што значи дека до експлозивната ерупција може да дојде во следните часови или денови.

Владата привремено ја прекина работата, училиштата се затворени во голем број на градови, вклучувајќи го и главниот град Манила поради ризикот по здравјето кој го претставува големата количина на пепел која ја исфрла вулканот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг