Трајковски знаел за судењето, но не дошол зошто не добил покана

Макфакс

14/01/2020

13:10

583

Големина на фонт

а а а

Обвинетиот Тони Трајковски знаел дека денес има закажно судење за случајот ТНТ, рече неговиот адвокат Јовица Страшевски, според кого, без разлика на тоа што знаел, не дошол бидејќи немал добиено покана.

Судијта Ставрев на рочиштето кажа дека според судот Трајковски бил уредно поканет, бидејќи покана била испратена по судскиот курир.

„За Тони имаме доставено адреса на престојување и адреса според лична карта. Тони не бега. Нема уредна достава. Без разлика дали знае или не, има според закон како се известува за рочиште. Се прекршува постапката, немаат доказ за уредна покана дека е доставена”, рече адвокатот Страшевски по рочиштето.

Рочиштето за незаконското рушење на „Космос“ беше одложено поради отсуството на Трајковски, кој утре ќе треба да биде стражарно донесен. Претходно тој отсуствуваше бидејќи беше натепан, па се правдаше дека е задржан во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг