Се огласиле Хари и Вилијам насред тензиите поради "Мегзит": Нема тензии меѓу нас! Вилијам не го малтретира никој

Точка

13/01/2020

19:51

2.738

Големина на фонт

а а а

Британските принцови Вилијам и Хари соопштиле денес дека ја оспоруваат вистинитоста на медиумските написи за тензичните односи меѓу нив.

Како што пренесува BBC, заедничкото соопштение уследило откако во медиумите се појавила веста дека Хари и неговата сопруга Меган одлучиле да се повлечат од кралската должност поради малтретирањето на принцот Вилијам, како и дека Меган е одлучна да го напушти кралското семејство додека Хари "со скршено срце" ќе се обиде да направи договор за абдикција со својата 93-годишна баба. 

Тие навеле дека и покрај јасното негирање на тие наводи, во британските медиуми се појавила лажна приказна за односите на војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс.

"За браќата кои толку водеа сметка за прашањата кои се однесуваат на менталното здравје, употребата на навредлив јазик на овој начин е потенцијално штетна", се наведува во соопштението.

Утрово медиумите ја пренеле веста дека принцот Филип утрово со намуртено лице го напуштил замокот Сандгрингам, во кој принцот Хари ќе се состане со кралицата и ќе зборува за својата кралска иднина по Мегзит.

Војводата од Единбург (98) имал значајна улога во советувањето на Нејзиното Височество пред денешниот самит, но ќе остави на својата сопруга, принцот Чарлс и принцот Вилијам да го заклучат излезниот договор, пишува "Daily Mail".

Филип веројатно на кралицата и го пренел мислењето за одлуката на Меган и Хари да ја напуштат должноста на високи членови на кралското семејство пред денес да ја напушти палатата и наводно бил многу лут кога дознал минатата среда, па им викал на своите помошници: "Што по ѓаволите тие изигруваат?".

Војводата и војвотката од Сасекс наводно биле под голем притисок поради малтретирањето од принцот Вилијам.

Кралските соработници веруваат дека состанокот ќе се одржи во 14 часот по локално време, така што што Меган ќе може да се вклучи во 6 часот наутро по канадско време каде отпатувала неколку часа откако парот поднел оставка минатата среда - но Кејт, војвотката од Кембриџ, денес нема да биде тука да го поддржи својот сопруг Вилијам, бидејќи останала во палатата да се грижи за нивните три деца.

Меган наводно рекла дека Хари мора да се оддалечи од кралското семејство, а тоа се случува само 20 месеци откако се омажила со него. За тоа делумно го обвинува принцот Вилијам, а на сопругот на Божиќ веројатно му кажала: "Ова не е за мене".




Спонзорирани линкови

Маркетинг