Моќен сојузник: Еве чии разузнавачи им помогнале на Американците во ликвидацијата на иранскиот генерал

Точка

12/01/2020

12:20

13.596

Големина на фонт

а а а

Израелците им помогнале на САД во операцијата во која беше убиен моќниот лидер на иранската елитна единица Кудс при Револуционерната гарда, генералот Касим Сулејмани.

Како што пренесуваат израелските држави, кои се повикуваат и на извештаите на американски „ЕнБиСи“, израелските разузнавачки служби биле вмешани во операцијата изведена на 3-ти јануари, откривајќи им на Американците клучни разузнавачки информации.

Тоа им помогнало на САД да ја утврдат точната локација на Сулејмани кој претходно летал од Дамаск до Багдад. Откако авионот во кој бил иранскиот генерал слетал, нешто подоцна четири ракети биле лансирани од дрон кон возилото во кој бил превезуван Сулејмани.


Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео на 1-ви јануари му се јавил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да му се заблагодари за улогата на Израел во спротиставувањето на Иран и после нападите на американската амбасада во Багдад. Нетанјаху следното утро пред да отпатува во Атина накратко изјави дека „многу, многу драматични работи“ се случуваат во регионот.

Неколку часа подоцна беше ликвидиран иранскиот генерал заедно со уште неколку команданти на локалните ирачки паравојски кои ги поддржува Иран. Како што пренесува „Њујорк Тајмс“, токму Нетанјаху бил единствениот странски лидер кој однапред знаел за операцијата.


Претходно американските медиуми објавија дека голем број на луѓе во Сирија и Ирак се осомничени дека им откриле на САД информации кои довеле до убиството на Сулејмани, меѓу другите и двајца вработени на аеродромот во Багдад и двајца вработени во приватната сириска авиокомпанија „Чам Вингс“.

Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран пораснаа по убиството на Сулејмани, а ескалираа откако Техеран одлучи да се одмазди и да ракетира американски воени бази на територијата на Ирак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг