Со овие пет намирници исчистете ги маснотиите после празниците

Fashionel.mk

09/01/2020

16:27

2.841

Големина на фонт

а а а

Сите за празниците знаеме да претераме малку. Си дозволуваме повеќе уживање во храната, што подразбираат повеќе калории, маснотии...

Но, уживањето потоа може да доведе до главоболки по здравјето и изгледот. 

Затоа во продолжение ви презентираме пет намирници кои ќе ви помогнат да го исчистите организмот од маснотии и да го одржите здравјето во добра форма. 

Цвекло 

Како намирница што содржи железо, ќе биде совршен сојузник во борбата со маснотии. Исто така, ќе го регулира столицата и метаболизмот. Најдобро е да ја користите во свежа форма или во смути. 


Брокула 

Брокулата е нискокалорична намирница, богата со витамини Ц, А и Б6, потоа железо, калциум и магнезиум. Новите истражувања покажаа дека брокулата го спречува таложењето на маснотиите во црниот дроб. 

Зелка 

Свежата зелка е фантастична и диетална намирница. На 100 грама има само 25 калории. Богата е со витамин Ц и Е, бета каротен, магнезиум и железно, има силно противвоспалително дејство, го поттикнува метаболизмот, го чисти црниот дрб од токсини - затоа не одминувајте ја. А истото важи и за киселата зелка. 


Спанаќ 

Спанаќот ги неутрализира токсините во организмот. Богат е со влакна која ќе го поттикнат метаболизмот и ќе помогнат во решавање на проблемите со опстипација. Еден е од најсилните антиоксиданти. Комбинирајте го и во смуди или салати, може да се јаде во сите делови од денот. 

Лук 

Лукот се смета за природен антибиотик поради своето антибактериско дејство. Помага во намалување на трошењето и оптоварувањето на клетките. Редовното консумирање лук може да помогне во ублажување на разни здравствени проблеми, а подеднакво е корисен и во процесот на детоксикација. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг