Играч на Манчестер Јунајтед постави уникатен антирекорд: Без гол и асистенција цела 2019 година

Дерби

29/12/2019

12:35

1.964

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед со победа ја заврши 2019 година откако со 2:0 славеше на тешкото гостување на „Турф Мур“.

На овој натпревар шанса доби и Џеси Лингард кој влезе во игра во 73. минута на местото на Андреас Переира.

Англискиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелците, а немаше ниту асистенција со што ја заврши 2019 година со статистика која брзо ќе сака да ја заборави. Лингард не успеа да постигне ниту еден гол, ниту да запише асистенција во натпреварите од Премиер лигата во целата 2019 година. 

Интересно е тоа што Џеси Лингард заработува 150.000 евра неделна плата, огромна сума на пари која дефинитивно не ја оправда во годината што измина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг