Уште еден календар на Точка во рацете на најљубопитните: Вчеравечер се одржа промоцијата на третиот календар со згодни момци

Точка

26/12/2019

23:00

6.588

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер, со почеток во 20ч. се одржа промоцијата на третиот календар на Точка, во скопскиот бар „BKW“.

Исто како и претходните години, Точка ангажираше 12 момци кои одлично изгледаат и совршено се вклопија во нашата идеја за овогодишниот календар.

Барот беше полн, сите оние кои со нетрпение ја очекуваа промоцијата, односно фотографиите на згодните момци, а и познати лица од скопскиот ноќен живот, беа дел од овој, за нас, голем и исклучително важен настан. Присутни беа и долгогодишни соработници на Точка.

На промоцијата го презентиравме и видеото, на кое присутните го погледнаа процесот на изработка на овогодишниот календар.

Најинтересен момент од вечерта беше доделувањето на календарите, кога присутните конечно можеа премиерно да го погледнат новиот календар на Точка, односно изборот на најдобрите фотографии на 12-те момци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг