Извлечени добитниците на најголемата лотарија на светот: Среќниците делат 2,24 милијарди евра

Точка

22/12/2019

14:04

5.238

Големина на фонт

а а а

Среќните сопственици на тикетот со број 26590 денес во Шпанија ја освоиле главната награда во националната божиќна лотарија, најголема на светот.

Добитниот број во вредност од 400.000 евра испаднал утрово од огромниот барабан, а сето тоа го пренесувала државната телевизија. 

Победниците освоиле 20.000 евра за секое евро потрошено на тикетот од 20 евра.

Неверојатно популарната лотарија, позната како "Ел Гордо" или "Дебелиот", оваа година издвоила вкупно 2,24 милијарди евра, вклучувајќи и многу помали награди.

Останатите лотарии имаат поголеми поединечни награди, но Ел Гордо, која се одржува секоја година на 22-ри декември, е рангирана како најбогата лотарија на светот по вкупниот износ на наградите.

Победничките ливчиња се продадени во провинциите Тарагона, Саламанка, Аликанте, Барселона, Мадрид, Мурсија и Севиља.



Спонзорирани линкови

Маркетинг