Шанса за нов референдум: Шкотска не може да биде заробена во Велика Британија!

Точка

15/12/2019

15:40

4.046

Големина на фонт

а а а

Шкотска не може да биде заробена во Обединетото Кралство против својата волја, порача шкотската премиерка Никола Старџен.

Таа повтори дека успехот на Шкотската национална партија на неодамнешните избори ѝ дава мандат за нов референдум за независност, нешто на што остро се противи британскиот премиер Борис Џонсон.

Ако Обединетото Кралство продолжи да постои како унија, тоа ќе може само со консензус, порача шкотската премиерка за британски „БиБиСи“.

Според нејзините зборови, британската влада се лаже ако мисли дека евентуалното одбивање на референдумот ќе означи и крај на тоа прашање.

„Тоа е суштинската точка на демократијата – не можете да ја држите Шкотска во унија против нејзината волја. Не можете да не затворите во плакар, да не заклучите и да се надевате дека сето тоа ќе пројде“, порача таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг