Шилегов: Презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат загадувањето

Макфакс

15/12/2019

15:29

1.092

Големина на фонт

а а а

„На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“. Со овие зборови, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го почна говорот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на завршниот настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“.

Шилегов во говорот се пофали дека системски почнале да ги решаваат проблемите кои со години биле ставани под тепих.

„Веќе се на пат 33 автобуси на гас, кој од февруари ќе ги гледаме на скопските улици“, рече Шилегов и кажа дека за две години ќе има повеќе патници во јавниот транспорт.

Градоначалникот на Скопје кажа дека системси го решаваат проблемот со хигината во градот.

„Се средува хаосот со комуналнот отпад во Градот. Го решивме проблемот со криминалното управување со Дрисла“, рече Шилегов.

„Влезени сме во војна, која не може да има поинаков крај, освен победа“, кажа тој во говорот и додаде дека работат на системско решавање на аерозагадувањето.

„За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано.

„Ми викаат многу работиш не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала“, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.

Претходно со скандирање „Зоки, Зоки“, присутните членови и симпатизери на СДСМ, го поздравија лидерот на партијата, Зоран Заев, кога влезе во спортската арена „Борис Трајковски“, по што следуваше интонирањето на химната. Присутните во салата по повикот на водителката ги кренаа картичките на кои пишуваше „На прав пат“, по што следуваше музичко-сценски перформанс.

Со последната 26 трибина од серијата „На прав пат“ СДСМ го завршува караванот и ја заокружува изработката на изборната програма. Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември. Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.

Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг