Манчестер Јунајтед ќе тргне по услугите на искусен белгиски репрезентативец

Дерби

15/12/2019

13:08

1.034

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучил во трката за ангажман на фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс.

Искусниот, 32 годишен фудбалер од офанзивата не е во најдобри односи со Карло Анчелоти и речиси сигурно ќе си замине од тимот во јануарскиот преоден рок.

За Мертенс постои сериозен интерес од тимот на Интер, како и од неколку кинески тимови, а во последно за него се распрашувале и челниците на Манчестер Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер има потреба од еден офанзивен крилен фудбалер, па доколку не успее да го донесе Џејдон Санчо во јануари, што е малку веројанто, се верува дека ќе тргне по услугите на Дрис Мертенс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг