Спречен терористички напад во Виена: Исламисти од Чеченија планирале масакр на Божиќ!

Точка

15/12/2019

12:24

3.934

Големина на фонт

а а а

Австриската полиција спречила терористички напад во Виена кој наводно требало да биде изведен околу католички Божиќ, пренесуваат тамошните медиуми.

Пред неколку дена биле уапсени двајца Чеченци кои според извори од виенската полиција, планирале да изведат терористички напади во австрискиот главен град за време на Божиќните празници.

За целиот случај кој деновиве стигна до австриските медиуми, истражните органи и правосудството молчат и велат дека од криминалистички причини не можат да изнесуваат детали во јавноста.

Адвокатот на уапсените, Волфганг Блашиц открил дека неговите клиенти се обвинети за планирање на бомбашки напад или друга терористичка акција. Според него, двајцата Чеченци ги отфрлале обвиненијата, а тој не добил увид во документацијата, затоа што станувало збор за случај со ознака за тајност.

Виенскиот весник „Естерајх“ пренесува дека станува збор за двајца спортисти по потекло од Чеченија кои се занимавале со боречки вештини. Еден од нив бил 25-годишниот Ахмед А. кој не ѝ бил познат на полицијата, но бил добро познат на локалната боречка сцена.

Заедно со него бил уапсен и 31-годишниот Алик Б. со кого наводно планирале да изведат терористички напад на Божиќ и Новогодишната ноќ, односно конкретно во периодот од 24-ти до 31-ви декември.

Инаку, за време на Божиќните празници и Нова година, Виена е омилена дестинација на многу туристи кои ги посетуваат божиќните пазари и познатата „Новогодишна траса“ во центарот на градот каде стотици илјади луѓе ја дочекуваат Новата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг